Почетна Убавина и здравје Додека едниот живее во луксуз, другиот е на улица! – Убавина и здравје

Додека едниот живее во луксуз, другиот е на улица! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Холивудската легенда Пирс Броснан морал да се откаже од синот Кристофер, откако почнал да го повредува семејството поради својата зависност од наркотици

Актерот Пирс Броснан (71) својата страст кон автомобилите му ја пренел на синот Парис. Актерот поседува импресивна колекција, а се чини дека и неговиот син е љубител на автомобили. Парис има сребрено BMW E30 од 1991 година, а на социјалните мрежи често споделува видеа од овој автомобил. Открил дека автомобилот му бил кај автомеханичар и објавил видео од „дрифтување“, на што коментирал и татко му Пирс.

„Побавно малку“, напишал славниот актер, иако Парис не бил зад воланот за време на дрифтувањето, нито во возилото, Броснан сепак одлучил да ја изрази својата загриженост.

Актерот еднаш открил дека се плашел да ги учи синовите да возат, па оваа задача ја презеле инструктори.

„Парис сам вози до училиште, а јас седам покрај него. Тоа е сѐ од нашето заедничко возење“, додал тој.

Со сопругата Кели Шеј Смит, актерот има два сина – Парис и Дилан, а од првиот брак со покојната Касандра Херис има син Шон. Тој ги посвоил и нејзините биолошки деца, Кристофер и Шарлота, која починала од рак на јајниците, исто како и нејзината мајка.


Поврзани објави

Пирс не е во добри односи со синот Кристофер, бидејќи е зависник и често имал проблеми со законот. Тој е бездомник и повремено се појавува на улиците во Лондон. Пирс повеќепати се обидел да му помогне, но Кристофер секогаш го разочарувал.

„Кристофер сѐ уште е многу изгубен. Знам каде е, има тежок живот. Можам само да верувам дека ќе биде подобар. Им правеше проблеми на сите во семејството, но најмногу себеси. Знае како да се извлече од сето ова, но не сака“, открил тој во интервју за магазинот „Плејбој“ во 2005 година.

Броснан еднаш изјавил дека никогаш не можел комплетно да се откаже од своето дете, но морал да се дистанцира од Кристофер. Иако не разговараат, актерот го спомнал пред две години во објава по повод Денот на татковците.

„Мојата љубов засекогаш е ваша, драги мои синови Парис, Дилан, Шон и Кристофер. Многу ви благодарам за вашата љубов“, напишал тој.

Погледнете како изгледа отуѓениот син на Пирс Броснан ТУКА. 

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @piercebrosnanofficial, @paris.brosnan

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING