Почетна Убавина и здравје Ден исполнет со забава, музика, насмевки, игри и многу подароци! – Убавина и здравје

Ден исполнет со забава, музика, насмевки, игри и многу подароци! – Убавина и здравје

од nenad
8 минути читај за

Забава и незаборавна дружба на манифестацијата Family Day by Убавина&здравје

На 16 јуни (недела) се одржа Family day by Убавина & здравје, во рамките на настанот „Маалски игри без граници“, поддржан од Општина Аеродром. Паркот „Авионче“ во Ново Лисиче – Општина Аеродром се претвори во голем забавен парк, каде што децата си играа, се натпреваруваа, другаруваа и се забавуваа.

Водителката на настанот Ева Јовановска, од тимот на „Убавина и здравје“, ги поздрави насобраните дечиња и родители кои нетрпеливо чекаа да започнат активностите, по што на сцената ѝ се придружи фитнес-инструкторот Даниел Трбогазов, попознат како Мој тренер, кој го прогласи почетокот на маалските игри.

Генералниот покровител веледрогеријата ‘Септима’ со брендовите Vichy, CeraVe, и La Roche Posay имаше свое катче за едукација, каде што присутните можеа да се информираат која е најдобрата заштита од сонцето, како и да учествуваат во забавни игри и да добијат вредни подароци.

 

Најмалите, па и поголемите, имаа можност да уживаат во вкусовите на лижавчињата Чупа Чупс и да се фотографираат со нивната позната маскота, како и да ги испробаат прочуените гумени бонбони Харибо.

Децата си играа и се забавуваа на музичкиот репертоар на диџејската ѕвезда во подем, DJ FREEKY, кој создаде енергична атмосфера и ги загреа присутните за изненадувањата што следуваа.

Поврзани објави

Вистинско доживување и за децата и за возрасните беше спектакуларното шоу на оригиналниот аниматор Ѓурчиновски. Неговиот уникатен спој на жонглирање, акробации и комични елементи ја воодушеви многубројната публика која не трепкаше додека Ѓурчиновски возеше огромен моноцикл и жонглираше со оган.

Присутните ги поздрави и Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, која на бината ја повика бренд-менаџерката на Vichy, м-р Ивана Јанев Попов. Таа укажа на важноста на користењето заштитен фактор во летниот период и ги покани сите заинтересирани на едукативна сесија во катчето на „Септима“, каде што можеа да се информираат за производите за одржување здрава кожа за целото семејство, како и да учествуваат во возбудливи игри и да добијат вредни подароци.

Денот исполнет со забава, игри и многу насмевки немаше да биде комплетен без фантастичниот настап на најголемата тинејџерска атракција Young Dadi. Возбудените дечиња на цел глас ги пееја некои од неговите најголеми хитови, како „Сара“ и „Од 5 до 2“, а во еден момент и тие се качија на бината и му помогнаа да приреди настап за паметење.

Family Day by Убавина & здравје ги потсети возрасните на подзаборавените социјални игри од нивното детство и им овозможи да поминат квалитетно заедничко време на отворено со своето семејство, а на децата им подари незаборавни мигови што сигурно долго ќе им останат врежани во сеќавањето.

Погледнете уште фотографии од настанот во нашата галерија во продолжение, како и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм…

ТЕКСТ: МАРИЈА ЛУКАРЕВСКА

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING