Почетна Економија Денеска средба Мицотакис – Ердоган во Вашингтон

Денеска средба Мицотакис – Ердоган во Вашингтон

од nenad
1 минути читај за

– Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва ќе се сретнат на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина.

 Според грчките медиуми, средбата е закажана за 16 часот по локално време.

 За време на дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција Даниел Спекхард во организација на американската тинк-танк Council on Foreign Relations, говорејќи за грчко-турските односи, Мицотакис рече дека во последната една и пол година, односите значително се подобрени.

 Сепак, додаде дека одредени фундаментални турски позиции во однос на Источниот Медитеран не се променети, но и дека е факт, како што рече, што има 16 месеци мир во грчкиот воздушен простор, дека постои соработка во прашањата поврзани со миграцијата, но и дека е постигнат договор со Турција што им овозможува на турските граѓани да патуваат на островите во Егејското Море и лесно да добиваат визи.

ср/ссм/ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING