Почетна Македонија ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА ГЛАСАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА ГЛАСАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

од nenad
1 минути читај за




Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност, да излезат на гласање, да гласаат  за стабилна, силна и унитарна Македонија.

Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата.

   

Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2).
Бојкотот е антимакедонски чин и затоа повикуваме  на разумно и одговорно однесување и гласање.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING