Почетна Убавина и здравје ДЕМИ, БОЖИЦЕ! Му одржа модна лекција на целиот Холивуд во ФАСЦИНАТЕН ФУСТАН од 22.000 долари

ДЕМИ, БОЖИЦЕ! Му одржа модна лекција на целиот Холивуд во ФАСЦИНАТЕН ФУСТАН од 22.000 долари

од nenad
2 минути читај за



Заводливо и вкусно, а сепак сосема поинакво од сè друго…

Деми Мур изгледа неверојатно, како да е замрзната во своите 40-ти години! Дека е така повторно покажа на премиерата на нејзиниот нов филм „The Substance“ во Лос Анџелес, воодушевувајќи ги модните критичари со едно многу интересно издание.

Славната актерка на црвениот тепих блесна во моќна, впечатлива креација на брендот Oscar de la Renta од претпролетната колекција за 2025 година, чија цена е неверојатни 21.900 долари!

Но, секој цент вреди, бидејќи 61-годишната актерка изгледаше спектакуларно во овој фустан, како да е направен за неа!

Станува збор за долг фустан, кој ги открива рамената и има длабоко, но сепак пристојно деколте, а додека кројот е релативно едноставен и класичен, самата текстура во никој случај не е.


Поврзани објави

Фустанот е направен со техника на мозаик, комбинирајќи црвена и црна декорација, создавајќи големи рози кои ја красат целата должина. Навистина ремек-дело на високата мода!

Погледнете:

Фото: Инстаграм (@justjared)


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING