– Комитетот на министри на Советот на Европа усвои декларација, со која се одбележуваат 1,000 дена од почетокот на руската агресија врз Украина.
– Веќе 1,000 дена Русија води агресивна војна против Украина со грубо кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН и Повелбата на Советот на Европа, се наведува во соопштението на Комитетот на министри на СЕ, највисок извршен орган на меѓународната организација составена од министрите за надворешни работи на земјите-членки и нивни заменици.
Во декларацијата се наведува дека украинскиот народ илјада дена трпи огромни страдања; илјадници украински деца се незаконски депортирани, илјадници невини цивили се убиени или повредени, а милиони други беа принудени да ги напуштат своите домови.
– Денес продолжуваме да ја поддржуваме Украина во нејзината борба за слобода, демократија, суверенитет и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници и да работиме со нашите меѓународни партнери за да обезбедиме реконструкција и обнова на земјата, како и да побараме одговорност од Русија за нејзината злосторства и да се обезбеди праведен и траен мир во Украина, се наведува во декларацијата.
ми/фото: МИА архива .
Извор: МИА