Почетна Убавина и здравје Дебелеат и го забавуваат метаболизмот! – Убавина и здравје

Дебелеат и го забавуваат метаболизмот! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Повеќето луѓе со текот на времето сè помалку можат да ги поднесат млечните производи и несвесно престануваат да ги консумираат по 30-тата година

Млечните производи честопати важат за здрав избор, но некои од нив може да имаат негативно влијание врз нашето здравје, особено врз цревната флора и телесната тежина. Еве кои три млечни производи би требало да ги одбегнувате или да ги консумирате умерено.

1. Полномасно млеко

Полномасното млеко може да биде богато со хранливи состојки, но и со големо количество на заситени масти. Прекумерната консумација може да доведе до дебелеење и зголемен ризик од срцеви болести. Освен тоа, кај некои луѓе може да дојде до нарушување на цревната флора, што може да доведе до проблеми со варењето.

2. Јогурт со додатоци

Иако се чинат како здрава опција, всушност, можат многу негативно да влијаат врз здравјето. Многу јогурти на пазарот содржат додадени шеќери и вештачки вкусови. Овие додатоци може да предизвикаат дисбаланс во цревната флора и да ја зголемат телесната тежина. Се препорачува да одбирате јогурт со ниско количество на шеќери и без додатоци.

3. Кисела павлака и кремави сирења


Поврзани објави

Киселата павлака и кремавите сирења честопати се богати со заситени масти и содржат многу калории. Нивната редовна консумација може да доведе до дебелеење, а високата содржина на масти може негативно да влијае врз здравјето на срцето.

Исто така, овие намирници може да предизвикаат воспалителни процеси во телото, кои понатаму можат да ја нарушат цревната флора.

Иако млечните производи можат да бидат дел од урамнотежената исхрана, важно е да бидете свесни за оние што може да бидат штетни по здравјето.

Полномасното млеко, јогуртите со додатоци и кремавите сирења можат да предизвикаат проблеми со цревната флора и незабележливо да ја зголемат телесната тежина.

Секогаш најдобро е да одбирате природни, непроцесирани опции и умерено да консумирате млечни производи.

ФОТО: Anita Peeples / Unsplash

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING