Два авиона од американски авиокомпании беа погодени со куршуми додека летаа над главниот град на Хаити, Порт о Пренс. Хаити ги прекина сите летови кои полетувале од или слетувале во Порт о Пренс поради ескалацијата на напади од банди, пишува Си-ен-ен. Авион на авиокомпанијата „Спирит“ беше погоден со пукање додека се обидувал да слета во Порт-о-Пренс, што резултирало со, како што опиша авиокомпанијата, „лесни повреди“ на еден член на екипажот.
„Спирит“ соопшти дека нивниот лет 951 од Форт Лодердејл во Флорида до Порт о Пренс бил пренасочен и слетал во Сантијаго во Доминиканската Република, каде што инспекцијата открила докази за оштетување на авионот во согласност со истрели од огнено оружје. Авионот е тргнат од употреба, а авиокомапнијата „Спирит“ ги суспендира своите летови до Порт о Пренс и Кап Хаитиен.Управата за цивилно воздухопловство на Хаити сподели предупредување до персоналот на летот, велејќи дека воздушниот сообраќај е привремено суспендиран на аеродромот.
По инцидентот уште две американските авиокомпании, ЏетБлу и Американ Еирлајнс привремено ги откажаа летовите до и од Хаити. Во подоцнежна изјава, JetBlue ја продолжи суспензијата на летот до 2 декември, велејќи дека е идентификувана штета од куршум во еден од нејзините авиони кои се враќале од Хаити.
Spirit Airlines flight NK951 attempting to land in Haitian capital Port-au-Prince has been struck by gunfire, forcing it to be diverted to the Dominican Republic.
At least one person, a flight attendant, was grazed by a bullet, a source said.
All flights in and out of the… pic.twitter.com/NBBOzvRRmI
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) November 11, 2024
Нападите се случија на истиот ден кога во Хаити се прогласи нов премиер, бизнисменот Аликс Дидие Фис-Eме, кој вети дека ќе ја врати демократијата и безбедноста во земјата.
Во изминататаа година, баандите во Хаити се исклучително активни, што ја доведе државта во политички хаос, при кој и други меѓународни актери исто така беа нападнати во последниве недели. Минатиот месец, хеликоптер на Обединетите нации исто така беше погоден со куршуми додека летал над Порт о Пренс.
Кон крајот на февруари и почетокот на март, координирани напади на банди принудија затворање на аеродромот и главното пристаниште во главниот град на Хаити, со што се блокираа витални резерви на храна како и хуманитарна помош за карипската нација.