Оваа година, мотото на регионалната конференција за жени ПРОФЕМИНА е „Креаторка на својот живот“. Идејата на редакцијата е меѓусебно да се мотивираме да го живееме животот онака како што сакаме да го живееме. Без оглед на моменталната ситуација, на возраста, на мислењето на другите или на диктатите на социјалните мрежи.
Една од жените кои го отсликуваат нашето мото преку својот личен пример е ЕЛЕНА ЛУКА. Таа прво ја освои јавноста со иновативните и автентични модни креации, а потоа ја докажа својата оригиналност со урбаните објекти за квалитетно домување.
Сопственичката и генерална менаџерка на ЕЛЕНА ЛУКА и ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, Елена Пандева, секогаш се стреми кон уникатност и квалитет, и токму тоа е најизразената карактерна нишка што ги поврзува нејзините две навидум различни бизнис-приказни. Преку спојот на модата и архитектурата, таа испреплетува една неповторлива приказна, која го прави светот поубав од секој можен аспект, а долгогодишните лојални клиенти се најголемиот доказ за нејзината успешна работа.
Во целиот тој комплексен начин на нејзиното живеење, Елена успева да постигне сѐ и да изменаџира сѐ. Независно од сите нејзини обврски, да се биде столб и во семејството и во бизнисот е огромна одговорност, но и сатисфакција за неа.
ЕЛЕНА ЛУКА во светот на модата и ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ во градежната индустрија се две вонсериски успешни приказни, што Вие ги предводите. Покрај тоа Вие успешно менаџирате уште во неколку сфери кои опфаќаат и хотелиерство, медицински сектор, а во низата ваши успешни брендови е и најпознатиот онлајн моден магазин Fashionel.mk. Која е заедничката нишка што ги спојува сите ваши успешни деловни светови?, гласеше прашањето на модераторката на третата студија на случај на #PROFEMINA2024, водителката Маја Поцевска.
Благодарам за можноста да се појавам и да учествувам денес овде. Она што јас сметам дека ЕЛЕНА ЛУКА ја прави различна и успешна дали кога се работи за модата или градежниот сектор а од неодамна и хотелиерството, правилата се исти.
Првенствено правиме истражување на пазарот, за да детектираме што е потребно, Па откако ќе осознаеме ги применуваме нашите стандарди и квалитет при работењето- го започна излагањето ЕЛЕНА ЛУКА
Како се менуваа вашите визии и приоритети во работата низ годините, со оглед на тоа дека уште од најмала возраст сте дел од деловниот свет?
Порасната сум во семејство кое било пионер во оваа работа. Поддржувачи сме на законските регулативи. Растев со родител кој е прилично динамичен. На 18 години ја отворивме нашата прва компанија. Во работата се соочуваме и со сериозен стрес.
Некои работи се учат, со доволен и постојан тренинг можете да научите како полесно да се соочувате со стресот и нервозата која ја носи работата. Мора да научите како се работи и функционира под притисок, со цел никогаш да не ја изгубите креативноста ниту мотивираноста – истакна ЕЛЕНА ЛУКА
Поврзани објави
Како успешна бизнис жена, кои вредности сметате дека Ве доведоа до врвот во вашите сфери на делување?
Ние се занимаваме со финансирање, кредитно финансирање, правиме здрави финансиски стратегии кои имаат долгорочни цели. Не постои магија иако секогаш Бог е тука да не поддржи. Но сериозниот пристап и истрајноста се клучот за успехот
Кои се актуелни проекти на кои работите во реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ? Важите за исклучително квалитетен, професионален, посветен, урбан бренд во градежната индустрија кој создава безвременски вредности.
Како што веќе споменав, прво се прави истражување на пазарот. Потоа се работи сериозно и во континуитет. Во моментов работиме на објектот FUTURA, кој е сериозен капитален објект. Граден по највисоки стандарди со најквалитетни материјали. Лоциран е во Кисела Вода која е на само 5 минути пешки од центарот на Скопје. Сакам да појаснам дека не случајно е избрана како локација. Во план ни е да продолжиме да градиме токму во таа општина.
Јас сум комплетно вклучена во процесот на градба. Исто како и во модниот бизнис се разбира. Во предвид доаѓаат само модерни парчиња изработени од високо квалитетни и скапи материјали.
Што ќе им препорачате на младите жени како мотивација, како охрабрување, како човек кој има долгогодишно искуство во овие сектори и сака да помогне и пред се се мотивира од успехот на другите и не ги доживува како конкуренција!
Ги охрабрувам присутните жени овде да почнат да ја остваруваат својата замисла. Не го одложувајте исполнувањето на вашиот сон. Времето е сега- веднаш. Особено ако на ум имате убава или уникатна идеја, верувајте ми ВРЕМЕТО Е СЕГА. Ги поддржувам и жените кои се сопруги и мајки. Тврдам дека истовремено можете да сте и добра мајка и сопруга и добар претприемач. Секоја амбициозна жена ќе успее. Сакам да истакнам дека од особена важност е женското вмрежување. Ние како жени мора да се поддржиме и охрабрување. Не треба да се доживуваме како конкуренција, треба сите заедно да одиме напред. Истовремено ве молам обратете ми се сите вие на кои ви е потребен било каков совет или споделување на искуство, тука сум за сите вас, сите заедно ќе успееме! – поентираше ЕЛЕНА ЛУКА