Почетна Технологија Данската премиерка ја нападнал 39-годишен пијан Полјак

Данската премиерка ја нападнал 39-годишен пијан Полјак

од nenad
1 минути читај за

За нападот во кој Фредериксен се здоби со полесна повреда на вратот, приведен е 39-годишен Полјак. Тој бил под дејство на алкохол и дрога и нема индикации дека имал политички мотив, соопштија данските власти.

   

„Сè уште не сум сосема своја. Се грижам за мојата работа како премиер и секогаш ќе се грижам. Би можел да го работам тоа за време на викендот, но не на ист начин како и обично“, рече Фредериксен во интервју за телевизиската станица ДР.Нападот се случи само три недели откако словачкиот премиер Роберт Фицо беше тешко повреден во обид за атентат.Фредериксен рече дека забележала промена во јавноста во последните години.

„Подолго време има закани, многу остри зборови на социјалните мрежи, а се влошува, особено по војната на Блискиот исток, има многу викања во јавноста, луѓето се однесуваат многу, многу агресивно“, кажа таа.„Бевме горди што сме земја во која премиерот оди на работа со велосипед. Но, се случи промена. Секогаш бев на располагање, но уличната сцена се промени и има места каде што повеќе не можеме да одиме, барем некои од нас политичарите“ рече. Фредериксен.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING