Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина неодамна станаа родители на нивното второ заедничко дете, ќерката Емилија.
Двојката веќе го има синот Стефан, кој го добија минатата година.
„Па, најголемата авантура на мојот живот започна.
До мојата прекрасна сопруга – Марина ти си нашиот херој, те сакам“, напиша Кајмакоски во објавата на Инстаграм, со која откри дека повторно станал татко.
Кајмакоски, кој стекна регионална слава со учеството во музичкото натпреварување „Икс фактор“, сега сподели нова семејна фотографија, со која откри дека сопругата Марина и ќерката Емилија пристигнале дома.
Поврзани објави
„Девојките ни пристигнаа дома. Ви благодариме на сите за честитките. Да живее љубовта“, напиша Кајмакоски.
Фото: Инстаграм Принтскринhttps://www.instagram.com/daniel_kajmakoski/