Почетна Убавина и здравје Дали сте во нездрава, токсична врска? Овие знаци укажуваат на тоа!

Дали сте во нездрава, токсична врска? Овие знаци укажуваат на тоа!

од nenad
2 минути читај за

Љубовта е прекрасно чувство, а романтичните врски се вистинска среќа, но – само ако вие и вашиот партнер сте компатибилни. Ако не сте, важно е да го препознаете тоа на време. Во секој човечки однос, важно е да се почитуваат границите. Тие се особено важни кога љубовта е во прашање. Целокупното чувство на прв поглед содржи само пријатни асоцијации, но ако се погледне внимателно, статистиката вели поинаку.

Знаци на нездрава врска

Секогаш мора да знаете каде е вашиот партнер и што прави

За типична токсична личност, важно е секогаш да знае каде и со кого го поминува времето нејзиниот партнер. Така се демонстрира контрола и често се изразува преку притисок, наметлива помош, љубомора, незадоволство и провокации. Во повеќето случаи, таквата зависност е само резултат на ниската самодоверба.

Верувате дека единственото нешто вредно во вашиот живот е врската

Со текот на времето, чувството „кој сум јас без тебе“ станува вообичаено. Козависната личност станува убедена дека нејзината вредност е целосно одредена од односот на партнерот.

Постојано сте во страв дека партнерот ќе ве остави

Поврзани објави

Ако во вашата врска има постојана тензија, а вие ги чувате вашите стравови и гнев и се плашите да му кажете на партнерот за нив – вашата врска е нездрава. Во вас се јавува стравот да бидете напуштени. Стравот од губење на партнерот, инспириран од емоционалните промени, има штетно влијание врз вашата психа.

Се чувствувате исцрпени по разговорот

Доколку сте во врска со вистинската личност, по разговорот ќе се чувствувате подобро, ќе имате енергија да продолжите понатаму. Но, со погрешна личност поинаку стојат работите. Чувството на немоќ, исцрпеност, губење на секаква надеж за позитивен исход го потврдуваат фактот дека сте во врска со погрешната личност и сте стапиле во нездрава врска.

Нездрав перфекционизам

Психолозите истакнуваат дека козависната личност се карактеризира со нездрав перфекционизам и зголемено чувство на одговорност за расположението на другата личност. Ако вашиот партнер не е расположен, веднаш го барате виновникот во себе. Со текот на времето, таквото чувство на вина се претвора во вистинска самоомраза и предизвикува чувство на вина дури и кога реално не можете да сносите никаква одговорност за настаните. Другиот партнер, кој го зазема местото на манипулаторот, брзо ќе го сфати тоа и ќе почне да ве обвинува дури и за нешто со што немате врска.

Како да се надмине проблемот?

Обидете се постепено да се дистанцирате од личноста, фокусирајќи се на вашите чувства и интереси. Ова нема да биде лесно да се направи, но резултатот ќе вреди.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING