Почетна Убавина и здравје Дали со него сакала да го испровоцира кралското семејство? – Убавина и здравје

Дали со него сакала да го испровоцира кралското семејство? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за


Меган Маркл се појави во многу убав долг, свиленкаст фустан во боја на праска, дизајниран од калифорниската дизајнерка Хајди Мерик, чија цена е околу 520 евра.

Фустанот е тесен само до половината, по што лелеаво паѓа и се влече по земја неколку сантиметри, а освен што е соодветен избор за оваа прилика, многумина сметаат дека има уште една „итра“ причина зошто славната Американка го избрала.

Имено, самиот модел се нарекува „фустан Виндзор“, па се шпекулира дека Меган веројатно сакала да порача нешто на овој начин; можеби тоа беше алузија на презимето на нејзиниот сопруг и порака до палатата дека колку и да се трудат, не можат да ја избришат врската на парот со семејството. Или можеби сакаше да укаже на споредбата што често се прави меѓу неа и Волис Симпсон, покојната војвотка од Виндзор.

 


Поврзани објави

Војвотката од Сасекс фустанот го комплетираше со златен накит – ѓердан, обетки и низа нараквици, а се одлучи и за ниско опавче извиткано во лежерни локни. Имаше и едноставна, ненаметлива шминка.

А Хари го прилагоди својот моден избор на високите жештини во Нигерија, избра панталони и кошула од крем лен.


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING