Почетна Убавина и здравје Дали е нормално трудница да се облекува вака? Хејли се појавила со гол стомак, а Џастин како циркузант!

Дали е нормално трудница да се облекува вака? Хејли се појавила со гол стомак, а Џастин како циркузант!

од nenad
4 минути читај за

Хејли Бибер првпат продефилира со својот труднички стомак заедно со Џастин Бибер, откако шест месеци ја криеја бременоста

Бремената Хејли Бибер била видена во јавност првпат откако ја објави веста за приновата. Таа прошетала низ Лос Анџелес со својот избраник Џастин Бибер во несекојдневно издание.

Манекенката, за која се верува дека веќе е во шестиот месец од бременоста, гордо го покажала својот труднички стомак. Имено, таа го ставила стомакот во прв план, одлучувајќи се за кроп-топ, преку што облекла големо црно сако со потполнки и широки панталони, кои ги спуштила под стомакот.

Некои би рекле дека ова е многу чуден избор на стајлинг за една трудница, но ние не осудуваме.

Од друга страна, пејачот се појавил во своето стандардно лежерно издание, кое не е нетипично за него, но тешко ни е да се навикнеме на неговиот претерано немарен и запустен изглед.

Носел чорапи со влечки, шорцеви под кои целосно му се гледала долната облека, носел и волнена капа, а она што на сите им паднало в очи е дека не го носел својот венчален прстен, откако си размениле прстени со сопругата при неодамнешното обновување на заветите.

Во таа пригода, покрај прстени, размениле и белегзии Tiffani Forever направени од платина со полн круг дијаманти. Двојката е во брак уште од септември 2018, а Бибер во една пригода признал дека во текот на првата година од бракот се чувствувал како да гази на јајца, но сега се чувствува постабилно од кога било претходно.


Поврзани објави

Сопружниците и претходно ја имаат изразено заедничката желба за деца, но во 2023 Хејли ја сподели нејзината загриженост околу основањето семејство:

„Многу сакам деца, но се плашам. Доволно е тоа што луѓето зборуваат разни работи за мојот сопруг и за пријателите, не можам ни да си замислам како би било да се соочам со луѓе кои зборуваат сешто за моето дете. Но претпоставувам дека сè што можеме е да се потрудиме да ги воспитаме најдобро што умееме и да им дадеме чувство на сигурност и љубов.“

Таа, исто така, истакнала дека на жените некои работи им се всадуваат, но дека мислењата и ставовите на луѓето се различни, поради што треба да се следиме само себеси и сопствените желби.

„Постои нешто што им се случува на жените кога ќе се омажат. Сите претпоставуваат дека прво доаѓа љубовта, потоа бракот, па бебето“, објаснила сопругата на Џастин Бибер и додала:

„А што е со работите што сакам да ги постигнам во мојата кариера? Мислам дека ми беше всадено во глава дека веднаш ќе посакам да имам деца и дека ќе имам деца супер, супермлада. Потоа наполнив 25 години и знаете што, сè уште сум супер, супермлада!“

Џастин Бибер ќе стане татко! Парот ја потврди среќната вест и Хејли го покажа трудничкиот стомак во венчаница! (ВИДЕО)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING