Почетна Македонија Гутереш: Пред 29 години ги изневеривме луѓето од Сребреница

Гутереш: Пред 29 години ги изневеривме луѓето од Сребреница

од nenad
1 минути читај за

„Пред 29 години Обединетите нации и светот го потфрлија народот на Сребреница. Повеќе од 8.000 босански муслимани беа систематски убиени и нивните останки закопани во масовни гробници. Тоа беше најголемото злосторство во Европа од Втората светска војна.

   

Денеска го почитуваме споменот на жртвите и се солидаризираме со преживеаните.Ја потврдуваме и нашата поддршка за семејствата на загинатите во нивната неуморна потрага по вистината и правдата. Мора да се бориме против негирањето и ревизионизмот и да продолжиме со напорите да се идентификува секоја жртва и да се изведе секој сторител пред лицето на правдата.

И ние ветуваме дека ќе продолжиме да учиме од оваа неискажлива трагедија и да ги пренесуваме приказните и лекциите од Сребреница.Геноцидот во Сребреница е шокантно сведоштво за погубните последици од неактивноста наспроти омразата. Мора да се бориме против поделеноста и нетолеранцијата, да ги браниме човековите права и да негуваме меѓусебно разбирање и помирување.Нека споменот на Сребреница ја зајакне нашата решеност да изградиме свет ослободен од злото на геноцидот – свет во кој владее правдата и мирот, во кој возвишеното ветување „никогаш повеќе“ е исполнето за целото човештво“.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING