Почетна Економија Густаво Петро: Колумбија воведува визи за британските државјани

Густаво Петро: Колумбија воведува визи за британските државјани

од nenad
1 минути читај за

Колумбискиот претседател рече дека земјата ќе воведе визи за британските граѓани како одговор на тоа што Британија воведе визен режим за колумбиските граѓани.

 На граѓаните на Колумбија ќе им треба и транзитна виза ако сакаат да поминат низ ОК за да патуваат во друга земја.

Колумбискиот претседател Густаво Петро рече дека неговата земја ќе воведе слични мерки според принципот на реципроцитет.

-Ако ОК повторно го воведе условот за виза за колумбиските граѓани, морам да наведам дека во согласност со принципот на реципроцитет, колумбиската влада ќе бара визи од британските граѓани кои сакаат да дојдат во Колумбија, напиша претседателот на социјалната мрежа „Х“.

Британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер рече дека одлуката е донесена поради „значајното и одржливо“ зголемување на барањата за азил и „високите стапки на одбивање“ на странците на границата од ноември 2022 година.

-Нашите односи со ОК остануваат силни и пријателски.

Секоја одлука за промена на визниот статус не се зема несериозно и ние редовно го ревидираме системот за граница и имиграција за да се осигураме дека тој продолжува да работи во интерес на Велика Британија, додаде таа.

Ќе има четиринеделен преоден период без визи за оние кои веќе резервирале патување во ОК. мс/фото: МИА архива  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING