7
Четворица жители на Скопје се уапсени синоќа откако нападнале тројца гости во угостителски објект во близина на Бит-пазар, соопшти полицијата.
„На 29.11.2024 во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(30), Д.Г.(33), А.З.(21) и Ф.К.(22), сите од Скопје. Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар физички ги нападнале Ф.Ш.(21), Ф.М.(21) и Џ.Р.(21), при што користеле разни предмети и оштетиле дел од инвентарот“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.