Саша Поповиќ поради здравствени причини нема да биде модератор на натпреварот Ѕвездите на Гранд…
Креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ моментално има здравствени проблеми, поради што е надвор од Србија, но тоа не значи и дека има пауза во снимањето на Ѕвездите на Гранд, поради што на негово место ќе дојде некој друг.
Со оглед на тоа што Војо Недељковиќ ја води оваа емисија веќе десет сезони, тој беше „назначен“ на позицијата модератор, а сега истакна колку е тешка оваа задача.
Тешко. Искрено тешко. Тоа е голема задача за мене. Знам дека Саша е на боледување и очекуваме да се врати, бидејќи навистина е жешко столче. Работам со години, но секогаш некоја друга работа, не онаа што ја работи тој. Дури кога ќе седнеш на тоа столче сфаќаш што треба да држиш под контрола, и пејачот и жирито, особено сега што не го гледаат пејачот, туку само ги слушаат…“, посочи Војо.
Поврзани објави
Недељковиќ додаде дека не се подготвува за емисиите. Меѓу другото водителот откри и дека во овогодинешната сезона на популарното музичко натпреварување ќе има многу промени и изненадувања.
Фото: printskrin Youtube / K1 Televizija и UNA televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: