Почетна Економија ГО ОСТАВИЛЕ ЕЛЕКТРИЧНИОТ СКУТЕР ВКЛУЧЕН? Нови детали за пожарот во Нови Сад

ГО ОСТАВИЛЕ ЕЛЕКТРИЧНИОТ СКУТЕР ВКЛУЧЕН? Нови детали за пожарот во Нови Сад

од nenad
2 минути читај за

Порталот Мондо исто така пишува дека неофицијалната причина за пожарот бил електричен скутер кој бил оставен вклучен. Се вели дека се запалила батеријата на скутерот. Исто така, неофицијално, причина за смртта на загинатите е гушење и дека сите спиеле заедно во една соба. Според српски „Блиц“ бебето било пронајдено во рацете на мајката.

Дедото на четирите дечиња кои изгореа во синоќешната трагична пламена стихија во Нови Сад заедно со нивните двајца родители пробал да го спаси семејството заедно со соседот, но пожарот веќе бил преголем, пишува српски Мондо.

– Видов дека гори, почнав да им се јавувам, но не ме слушнаа – изјави првиот сосед на семејството кое загина во пожарот во текот на ноќта.

 

Порталот Мондо исто така пишува дека неофицијалната причина за пожарот бил електричен скутер кој бил оставен вклучен. Се вели дека се запалила батеријата на скутерот. Исто така, неофицијално, причина за смртта на загинатите е гушење и дека сите спиеле заедно во една соба.  Според српски „Блиц“ бебето било пронајдено во рацете на мајката.

Овие информации допрва треба да ги потврди или демантира српската полиција. Во куќата до изгорената живеат најблиските роднини на семејството на жртвата. Се собираат соседите и пријателите и сите што ги познавале. Српски Блиц пишува дека се слушаат крици и лелеци. Девет пожарникари со две возила го гасе пожарот во кој изгореа Данијел А, Маја С и нивните четири деца на возраст од 2,4,5 и 7 години.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING