Почетна Убавина и здравје Го избришала од животот, но не ја откажала свадбата! – Убавина и здравје

Го избришала од животот, но не ја откажала свадбата! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Сите биле изненадени од одлуката да не ја откаже свадбата

Кога 31-годишната Линдзи дознала дека свршеникот, со кого поминала 12 години во врска, ја изневерил непосредно пред венчавката, нејзиниот свет се срушил. Наместо да го изговори судбоносното „да“, таа се соочила со болната вистина и донела тешка, но храбра одлука. Ја откажала венчавката, го исфрлила свршеникот од заедничкиот стан и решила да не дозволи неговото предавство да ѝ го уништи долго планираниот ден.

„Прослава на слободата“: Како откажаната венчавка станала симбол на новиот почеток

И покрај сè, Линдзи одлучила да го искористи сето тоа што со години внимателно го планирала. Со буџетот од речиси 40.000 евра, кои веќе биле вложени во прославата, решила тој ден да не ѝ го посвети на венчавката, туку на своето ослободување. Наместо невеста и младоженец, тој ден славела само таа, опкружена со пријателите и семејството кои дошле да ја поддржат.

Им испратила порака на сите гости за да ги извести за промената на планот и ги поканила на забава која наместо да ја слави љубовта, ја славела слободата. Околу 70 гости ѝ одговориле на поканата, облекле свечени фустани и костими, исто како да доаѓаат на венчавка и заедно со Линдзи го прославиле нејзиниот нов почеток.

Ден за паметење: Венчаница, торта и „среќен крај“

Линдзи одлучила дури и да ја облече венчаницата што ја одбрала за свадбата. Денот го започнала со пијалак за добредојде за гостите, по што следела раскошна вечера, а потоа музика и танцување. На крајот од вечерта, била послужена торта, па така сè изгледало како класична венчавка, само без младоженец.

Особено емотивно било тоа кога кумата на Линдзи го прочитала говорот кој првично бил наменет за венчавката. Иако сите биле трогнати, атмосферата набрзо се разведрила, бидејќи Линдзи им се заблагодарила на гостите за поддршката и љубовта.


Поврзани објави

„Бев изненадена од тоа колкава поддршка добив од сите. Таа прослава ме потсети дека тој не ми е потребен и дека имам луѓе кои навистина ме сакаат“, изјавила Линдзи.

Меден месец со пријателка: Бегство во нов живот

Откако преживеала емоционална бура, Линдзи одлучила да не ѝ пропадне ни медениот месец. Поминала седум дена на море со своја блиска пријателка. Тој одмор ѝ помогнал да си ги среди мислите и да собере сила за сè што ја очекува понатаму.

„Иако сè уште не сум подготвена за нова врска, тој ден ми даде сила да продолжам понатаму. Тоа беше почетокот на моето ново поглавје“, рекла Линдзи која работи како адвокатка во Мејнсфилд.

Порака до сите жени: Да останат силни во моменти на предавство

Наместо да дозволи ова неверство да ја скрши, Линдзи покажала дека од секоја трагедија може да произлезе нов почеток.

ФОТО: Ishan @seefromthesky / Unsplash

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING