Почетна Технологија „ГО ВЕШТАЧЕА ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДА ГИ РАЗОТКРИЈАТ ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА НАРКОКАРТЕЛОТ“ Сергеј Трифуновиќ се огласи првпат по апсењето

„ГО ВЕШТАЧЕА ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДА ГИ РАЗОТКРИЈАТ ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА НАРКОКАРТЕЛОТ“ Сергеј Трифуновиќ се огласи првпат по апсењето

од nenad
1 минути читај за




Притворот на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, кој неодамна беше уапсен под сомнение дека поседува пет грама дрога, беше укинат по сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград. Како што се наведуваше во медиумите, актерот признал дека дрогата ја чувал за лична употреба. Неодамна за овој случај се огласи и Вишото јавно обвинителство во Белград, а сега актерот за првпат даде свој коментар.
– Телефонот ми го вратија дури денеска. Тој беше на вештачење во органите со цел да се разоткријат и другите членови на мојот наркокартел. Имам 6.000 пропуштени повици и пораки и тука би сакал да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката, поединечно тоа би траело со денови. Важно е да знаете дека правдата постои во Србија и дека властите си ја вршат својата работа. И јас сум сега сосема друга личност. Превоспитан, подобар, спортист. Сите на избори – напишал актерот. Потсетуваме, актерот во средината на април беше приведен во белградски Вождовац, откако, како што пренесуваат српските медиуми, купил дрога од познаник.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING