Почетна Убавина и здравје Го бришат секој сомнеж – Убавина и здравје

Го бришат секој сомнеж – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Постојат некои невербални знаци, мали сигнали што откриваат дека му значите некому

Изразувањето на чувствата е многу индивидуално. Некои се отворени во врска со нив, додека на други им треба време за да ги процесираат или воопшто да пронајдат начин или зборови за да ги искажат.

Невербалната атракција е реална, само треба да знаете да ги пронајдете знаците кои сигнализираат дека некој се грижи за вас. Ова се трите сигурни знаци дека многу му значите некому…

Говор на телото

Ова е моќна комуникациска алатка што открива повеќе од зборовите. Најчесто се дефинира преку телесната позиција. Според истражувањето објавено во Hack Spirit, засновано на подрачјето на невербалната комуникација, луѓето се склони секогаш да го насочуваат телото кон личноста што ги привлекува или во чија близина сакаат да бидат, па обрнуваат внимание на тоа што го изразува таа личност. Дури и додека разговараат со некој друг.

Ова особено се нагласува со таканареченото „огледување“ – несвесно имитирање на гестовите што се својствени за личноста која ги привлекува. Ваквите сегменти продолжуваат и при продлабочувањето на односите, бидејќи сè додека постои привлечност и интерес, токму близината е основата врз кој се темели понатамошниот развој.

Поврзани објави

Почитување на личните граници

Тоа значи прифаќање на вашиот единствен идентитет и вредностите што ги поставувате. Ако некој ве цени и сака да биде со вас, најпрво ќе ви дозволи да се чувствувате пријатно во заедничкото опкружување и ќе знае да ја забележи вашата несигурност, како и да реагира за да се чувствувате попријатно. Ви дава простор, ако ви е потребен, ги разбира вашите избори и ги поддржува вашите одлуки.

Така ви дава до знаење дека она за коешто размислувате е важно. Личноста на која ѝ значите, со разбирање ќе ги слуша вашите идеи, желби и внимателно ќе го ислуша она што ве интересира и ќе ве поддржи во тоа. Секој знак на понижување или омаловажување може да се смета за негативен, особено ако не станува збор за конструктивен разговор преку кој и двајцата ќе ги проширите видиците, туку за еднострано наметнување на мислење. Слично е и ако разговорите за потенцијалните различни ставови изостануваат, бидејќи целта на односот е заедничкиот развој.

Гестови

Кога започнуваме врска, тоа значи дека стануваме дел од постоењето на другата личност. Тоа значи запознавање на нивниот близок круг, одење на местата што им значат, отворање лични кругови на интереси и споделување. На почетокот, често доаѓа до изолација од другите во таканаречениот период на меден месец, но ако личноста почне да се оддалечува или не е подготвена да го сподели со вас својот свет, тогаш тоа неретко значи дека постои потенцијал за развој на нездрав однос во кој ќе се изолирате од сè што ви е важно, на сметка на потребите на другиот. А тоа е еден од предусловите за развој на токсичен однос.

На крајот на краиштата, секој квалитетен однос почива на меѓусебно вреднување, почит и реципроцитет во комуникацијата и давањето.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING