Почетна Економија Голем шумски пожар на планина во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Голем шумски пожар на планина во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

од nenad
1 минути читај за

– Кусо пред 15 часот избувна голем шумски пожар на планината Парнита во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, додека пак, иако пожарот е во планински дел, сепак од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да бидат во состојба на готовност за евентуална евакуација, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватрахојанис попладнево информираше дека од воздух во справувањето со огнените јазици интервенираат четири авиони и осум хеликоптери, а над 100 пожарникари и 30 возила од областите Тесалија, Епир и северниот дел на Грција се упатуваат кон планината за да помогнат.

 – Во областа на пожарот брзината на ветерот достигнува до 50 километри, а јачината надминува 100 километри на час.

Овие услови, но и фактот што во областа има столбови со висок напон го отежнуваат работењето на воздушните средства. Поради оваа причина главно интервенираат хеликоптерите, рече Ватрахојанис.

Во гаснењето помагаат волонтери, цистерни и камиони од периферијата Атика и војската. Планината Парнита беше зафатена од големи пожари лани во август, како и во текот на летото во 2021 година.

ср/ссм/ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING