И тоа поради најкраткиот фустан што ги истакна сите нејзини мани.
Георгина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, им го привлече вниманието на сите присутни во Венеција. Таа пристигна во градот по повод престижниот филмски фестивал кој трае до сабота, а нејзината модна комбинација наиде на поделени мислења.
Фотографите прво ја снимија на аеродромот Марко Поло, а Георгина Родригез го избра највулгарното можно издание.
Недолго потоа, таа со водено такси се упати кон црвениот тепих, а за оваа пригода го избра таканаречениот мал црн фустан. Но, дури и оваа комбинација не наиде на ентузијазам кај критичарите.
Имено, според многумина, креацијата истакнала се’ што треба да сокрие. Мини-фустанот со едно голо рамо ги истакна нејзините бујни гради, а беше набран во пределот на стомакот, па изгледаше како избраничката на Роналдо да има поголем стомак.
Поврзани објави
Познатата 30-годишна девојка го заокружи изданието со проѕирни сандали и обетки во форма на цвеќе.
Она кога имаш милиони и изгледаш евтино“, „Сите пари ѝ се за џабе“, „Што прави таа таму“, „Георгина е жив доказ дека стилот не се купува со пари“, се само дел од коментарите.
Што мислите вие?
Фото: Инстаграм