Почетна Убавина и здравје Гел од Алое Вера ги смирува иритациите и црвенилата предизвикани од сонце, убод од инсекти и вируси

Гел од Алое Вера ги смирува иритациите и црвенилата предизвикани од сонце, убод од инсекти и вируси

од nenad
2 минути читај за

Летото наближува, а сончевите зраци носат добро расположение и спокој на душата. Радосни сме и опуштени бидејќи конечно доаѓа летниот одмор. Плажа, сонце, море, работи кои со нетрпение ги чекавме цела година, кои го поттикнуваат хормонот на среќа и кои севкупно влијаат позитивно на нашето психо физичко здравје.

Но треба да бидеме и внимателни! Сончевите UVA зраци се многу поштетни отколку порано, продираат дури и низ облаците и може да предизвикаат црвенило и воспаление на кожата, иритации и изгореници кои многу лесно можат да ни го упропастат одморот. И по само еден ден поминат под блескавото сонце да завршиме со црвена, иритирана кожа. Сето ова може да го спречиме ако со себе имаме гел од Алое за надворешна употреба, идеален за сите иритации и проблеми со кожата во текот на летото.

ALOE VERA е познато по своите смирувачки и репаративни својства. ALOE VERA GEL 99% е гел за кожа од сертифицирано органско алое вера од видот Barbadensis Miller со додаток на хлорофил. Овозможува интензивна заштита, нега и ревитализација на кожата, има хипоалергена формула и може да се употребува кај сите видови кожа и кај сите возрасти.

Овозможува олеснување на чувствителноста на кожата, моментално олеснување со ладење и навлажнување на кожата, без да остава мрсни или лепливи остатоци. Обезбедува брзо и трајно закрепнување, што го прави суштински додаток на секој режим за нега на кожата.

Овозможува ефикасна заштита на зацрвенета, иритирана или изгорена кожа, смирување на иритации или осип предизвикани од убоди од инсекти, растенија, сонце, или аерозагадување, смирување на воспаленија и инфекции предизвикани од габички, бактерии или вируси.

Ги смирува дури и акните на лицето, спречува и нивна појава, грижејќи се длабински да ја хидрира и исхранува кожата.

Aloe vera gel нешто што треба да се има со себе кога одиме на одмор!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING