Почетна Технологија Гаши: До средина на јуни ќе има влада

Гаши: До средина на јуни ќе има влада

од nenad
1 минути читај за

Според првичните преговори, вели Гаши, очекувањата се земјава да добие нова влада до средина на јуни, оти заложбата за побрзо формирање влада е и на „Вреди“ и на ВМРО-ДПМНЕ.„Јас мислам дека до средина на јуни ќе има влада, ценам по првиот разговор кој го водевме. Ако така одат работите, мислам дека брзо ќе биде“, рече Гаши.

   

Кога станува збор за преференции за ресори, иако не се разговарало за оваа тема на првиот состанок, Гаши вели дека нивна заложба е да имаат претставници во ресорите поврзани со петте столба за кои се залагале во изборната кампања, како интеграцијата во ЕУ, борбата против корупцијата, економскиот развој, децентрализацијата и образованието. Но, тоа не значи дека луѓето на „Вреди“ неизбежно треба да добијат министерски места во овие области.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING