Почетна Македонија (ГАЛЕРИЈА) „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ НАГРАДИ НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ Признанија добија 33 сестри и акушерки

(ГАЛЕРИЈА) „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ НАГРАДИ НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ Признанија добија 33 сестри и акушерки

од nenad
2 минути читај за




По повод Светската недела на медицинските сестри и акушерки, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги награди најхуманите медицински сестри, кои со својот придонес, професионалност и тимски дух придонесоа за развојот и унапредувањето на сестринството. За големината на оваа хумана професија зборуваа медицинскиот директор на болницата, проф. д-р Игор Кафтанџиев, како и главната медицинска сестра, Билјана Дилевска, кои со поздравен говор го отворија настанот.
Награди и признанија добија 33 медицински сестри и акушерки од болницата, во неколку категории, кои во изминатата година покажале значајни резултати во својата работа и придонеле за позитивна работна атмосфера.

   

– Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со голем број активности ја одбележа Светската недела на медицински сестри. Со цел да ја унапредиме професијата и да им оддадеме почит на нашите вработени, доделивме признанија и награди, кои се мотив за колективот, од една страна, но од друга страна, сакаме да дадеме и пример како треба да се сака и цени професијата, бидејќи нашата професија, пред сѐ, има хумана димензија – вели Билјана Дилевска, главна медицинска сестра во „Аџибадем Систина“.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како најголема приватна болница, има голема улога во развојот на сестринството како професија. Грижата за вработените е еден од нашите главни приоритети, а потврда за тоа е и признанието за најдобар работодавец, кое болницата го добива втора година по ред, велат од болницата.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING