Почетна Економија Габриела Јаковлева именувана за директорка на Агенцијата за разузнавање

Габриела Јаковлева именувана за директорка на Агенцијата за разузнавање

од nenad
1 минути читај за

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска.

Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. аа/вг/Фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING