Почетна Убавина и здравје Врвен дизајн, ВИ функции и најнапреден мобилен процесор кај најновите Samsung телефони на преклоп

Врвен дизајн, ВИ функции и најнапреден мобилен процесор кај најновите Samsung телефони на преклоп

од nenad
5 минути читај за

Ако треба да се одлучите за еден од двата нови телефони на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Flip6, изборот е навистина тежок. Особено бидејќи серијата Samsung Galaxy Z отсекогаш претставувала интересна и несекојдневна приказна за корисниците бидејќи нуди поразлично и специфично искуство со мобилниот телефон.

Дополнително, надградената Galaxy AI* (вештачка интелигенција) ги прави Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 идеални од функционална гледна точка, каде нивниот врвен дизајн е само појдовна точка за пофалбите.

Што имаат заедничко Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6?

За естетиката на Samsung нема дилеми: најновата генерација на телефони на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 е огледало на врвен визуелен дизајн на производ, кој за прв пат кај овие модели може да се пофали со најтенка и најлесна за носење изработка на телефони на преклоп од семејството Galaxy досега.

Совршено симетричниот дизајн со рамни рабови им дава на уредите префинет изглед, каде што двојната „шина“ на преклопните шарки сега е поддржана со зајакнат преклопен раб, а подобрените слоеви на главниот екран помагаат да се одржи цврстината.

Истовремено овие уреди се произведени со напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега.

Двата уреди се напојувани од Snapdragon® 8 Gen 3 мобилната платформа за Galaxy, најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, кој го спојува најдоброто од централната, графичката и невронската процесорска единица, правејќи ги исто така идеални гејминг уреди.

Galaxy AI вештачката интелигенција кај новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6

Galaxy Z Fold6, и генерално фолд моделите, често пати се нарекуваат совршените асистенти за продуктивност, со кои работните обврски лесно се извршуваат кога сте во движење. Сето тоа сега е уште поусовршено благодарение на бројните ВИ перформанси кај овој телефон до кои се стигнува многу лесно и брзо, а големиот екран од 7,6 инчи кога е отклопен, е поинтелигентен од било кога досега, нудејќи уште поголема инспирација за креирање.

Galaxy Z Fold6 исто така нуди мноштво зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како преведување во реално време, hands-free интерпретатор, како алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини. И не го заборавајте S Pen пенкалото, кое заедно со останатите карактеристики на уредот, навистина можат да го заменат вашиот лаптоп, и секако таблет.

Galaxy Z Fold6 доаѓа во прекрасни, несекојдневни бои, правејќи го овој уред уште попривлечен: сребрена сенка, розова и темносина.


Поврзани објави

Кај Galaxy Z Flip6, чиј целосен дизајн го прави особено модерен и привлечен, највпечатливата карактеристика останува да биде неговиот надворешен екран Flex Window, кој овој пат донесува бројни и нови опции за персонализација напојувани од вештачка интелигенција.

Телефонот, кој двојно ја намалува својата величина кога е преклопен и кој ќе застане без проблем во предниот џеб од вашите фармерки, поседува ултра-модерен изглед, ВИ функции скоро исти со Galaxy Z Fold6, но и многу повеќе опции за виџети и фантастични перформанси на камерите од невозможни агли, вклучувајќи подобрена Nightography, Super HDR и уште многу други.

Новите 50-мегапиксели широки и 12-мегапиксели ултра-широки сензори носат подобрено искуство во фотографирањето, со јасни и остри детали на сликата.Новиот сензор од 50-мегапикселен сензор поддржува двојно зумирање за снимки без бучава, како и AI зумирање за напредно искуство со фотографирање со зголемување до 10x.

Galaxy Z Flip6 доаѓа во нијансите на сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена.

Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се обезбедени од Samsung Knox, повеќеслојна безбедносна платформа развиена за заштита на осетливи информации и корисничките податоци од потенцијални закани, благодарение на препознавањето закани на хардверско ниво и заедничката заштита. Долговечноста на уредите е поддржана со седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни надградби.

Овој пат Galaxy екосистемот, освен со новите модели на телефони на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја збогатува и зајакнува својата моќ и со други фантастични уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7 – врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство.

Овој фантастичен Galaxy екосистем е составен од носливи Samsung уреди што совршено комуницираат меѓу себе, креирајќи единствено Galaxy искуство кое постојано го подобрува и олеснува вашиот живот.

* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Текст и фото: ПР

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING