Почетна Македонија Вработени во Македонски шуми не го гаснат пожарот во Велес: Немале гориво за возилата и не биле осигурани

Вработени во Македонски шуми не го гаснат пожарот во Велес: Немале гориво за возилата и не биле осигурани

од nenad
1 минути читај за

Вториот пожар е активен од 10.07.2024 од 01.15 часот и е помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес.

   

Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот.Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING