Тој е роден како најголемото бебе на светот, а денес изгледа неверојатно и привлекува внимание каде и да се појави
Кевин Роберт е роден во 1983 година како „најголемото бебе на светот“. Бил 7,3 кг тежок, а тоа било сосема доволно за да стане вистинска светска сензација.
Тогашните медиуми пренесувале дека Кевин е најголемото бебе што некогаш се родило во Њу Џерси. И мајката била изненадена кога го видела, а малата облека што ја имала подготвено, морала да ја замени со поголема.
„Мора да одиме дома, да ги испразниме фиоките и да купиме поголема облека за него“, рекла гордата мајка по породувањето.
Кевин многу се разликувал од своите врсници додека растел, бидејќи неговата висина секогаш била над просекот. И кога имал 12 години, бил висок 170 см, а неговите врсници биле многу пониски. Само неколку години подоцна, забележал висина од 195 см.
Поврзани објави
Денес има 41 година и сè уште привлекува големо внимание каде и да се појави, со оглед на тоа што е повисок од 2 метра, а тежи 136 килограм.
„Кога шетам на улица, луѓето ме застануваат и ме прашуваат колку сум висок“, открил Кевин.
Денес Кевин работи во војска, оженет е со сопруга која е речиси исто толку висока колку него и вели дека воопшто не е лесно да се биде највисокиот во просторијата. Мора да се наведнува кога влегува низ врата, тушевите секогаш се премногу кратки за него и не може да влезе во повеќето автомобили.
Погледнете како изгледа неговиот живот во видеото во продолжение…
ФОТО: Принтскрин Јутјуб