Почетна Технологија Во Франција почна одбележувањето на Денот Д

Во Франција почна одбележувањето на Денот Д

од nenad
3 минути читај за


Споменикот на загинатите војници од Првата светска војна во Коломбел, Нормандија/Фото: МИА
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го отвори тридневниот настан по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија на 6 јуни 1944 година. На комеморацијата ќе присуствуваат западни државници, а целта е да се покаже единство против војната во Украина.Шефот на француската држава денеска претседаваше со првата церемонија во Плимелек, во Бретања, во спомен на француските припадници на отпорот од Бретања и првите падобранци на Слободната Франција во рамките на британските специјални сили. САС, ноќта меѓу 5-ти и 6-ти јуни ја започнале операцијата „Оверлорд“, чија цел била да се стави крај на Втората светска војна.Бајден, кој утрово пристигна во Париз, ќе се приклучи на церемониите утре на Нормандија во северозападниот дел на земјата за 80-годишнината од Денот Д, каде што ќе бидат и британскиот крал Чарлс Трети, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, и Зеленски.

   

Во попладневните часови, Макрон треба да оди во Сен Ло во Нормандија за да одржи говор за цивилните жртви на бомбардирањето на сојузниците. Тој град беше уништен 90 отсто ноќта меѓу 6 и 7 јуни. Севкупно, имаше меѓу 50.000 и 70.000 цивилни жртви во бомбардирањата на сојузниците, од кои 10.000 беа само во Нормандија.
-Предвидено е Бајден да зборува на официјалните церемонии на плажата Јута и плажата Омаха каде се истоварија „73.000 храбри Американци“ за да „го отворат патот за ослободување на Франција и Европа“, соопшти претходно Белата куќа.

На маргините на таа програма, тој треба да разговара со украинскиот претседател Зеленски за да види „како САД можат да продолжат да ја продлабочуваат својата поддршка“, се додава во соопштението на Белата куќа. Бајден и Зеленски ќе се сретнат и на маргините на самитот на Г7 што ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни.Од понеделник, околу 50 американски ветерани, од кои некои учествуваа во операциите на 6 јуни 1944 година, пристигнаа во Нормандија.Вчера Макрон на социјалната мрежа „Х“ напиша „херои добредојдени во Франција“.
Русија, поранешен сојузник на САД и Велика Британија против нацистичка Германија, беше поканета на церемонијата пред десет години, но овојпат беше официјално исклучена поради инвазијата врз Украина.
Француското претседателство не крие дека сака да го покаже единството на Западот во време кога нов голем конфликт повторно ја погодува Европа.
На 7 јуни, Бајден треба да одржи говор во Поен-ду-Ок во Нормандија за „важноста од одбрана на слободата и демократијата“, се вели во соопштението на Белата куќа.

В сабота Бајден ќе биде во прва официјална посета на Франција кога Макрон ќе му приреди свечен прием во Елисејската палата и кога двајцата државници ќе имаат билатерални разговори.
Истоварувањето на Нормандија, со кодно име „Операција Оверлорд“, беше најголемата поморска инвазија во историјата на војувањето. Сојузничките десантни сили се состоеле од 73.000 американски, повеќе од 60.000 британски и над 20.000 канадски војници, поддржани од француски командоси.
Истоварувањето по должината на 80-километарското крајбрежје започна со десант со падобранина 23.000 луѓе, голем артилериски напад од воздух и од море, по што на 6 јуни 1944 година следеше успешен амфибиски десант на стратешки важниот мост Пегаз, во близина на Кан, град во северозападна Франција.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING