Почетна Економија Во тек е кампањата „Носи кацига“

Во тек е кампањата „Носи кацига“

од nenad
1 минути читај за

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, во мај 2024 година ја започна кампањата „Носи кацига“.

Оваа кампања, соопштија денеска од РСБСП, се реализира со делење на едукативно-рекламен материјал и едукативно-превентивни активности во повеќе градови.

– Кампањата „Носи кацига“ е пред сѐ насочена кон лицата кои управуваат мотоцикл, велосипед и тротинет, и нивното одговорно и безбедно учество во сообраќајот со цел подигање на свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користење на заштитна опрема (во прв ред заштитен шлем) и зголемување на безбедноста на мотоциклистите, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот на патиштата, стои во соопштението.

цр/ац/Фото: РСБСП .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING