Постојат 10 прашања што задолжително треба да им ги поставите на родителите додека се живи
За жал, еден ден родителите ќе починат, а пред да се случи тоа, треба да им посветите внимание и љубов и да разговарате со нив за сѐ.
Постојат неколку работи што задолжително треба да им ги поставите на родителите пред да починат:
1. Замолете ги родителите да ви напишат порака, честитка или писмо. Личната порака од родителите со нивен ракопис е нешто што многу ќе ви значи кога тие ќе си заминат.
2. Кој им е омилениот спомен од вашето детство? Кога ќе слушнете за некој момент од вашиот живот од нивна перспектива, тоа може да ви даде до знаење колку сте ги направиле среќни.
3. Кои им се омилените моменти од сопствениот живот? Ова е одлична можност да дознаете повеќе за тоа што придонело вашите родители да станат такви какви што се.
4. Прашајте ги родителите за нивната омилена книга или песна. Тоа може да биде нешто што ќе го слушате или читате откако тие ќе си заминат, за да почувствувате дека сте близу до нив.
Поврзани објави
5. Прашајте ги дали имаат некои посебни работи дома и каде се наоѓаат. Можеби чуваат медали или посебни спомени што нема да можете лесно да ги пронајдете освен ако не знаете каде да ги барате.
6. Замолете ги да снимат гласовна порака или видео во кои ќе ви кажат дека ве сакаат. Тоа ќе можете да го слушате кога ќе посакате да го слушнете нивниот глас.
7. Кој е рецептот за нивното омилено јадење? Можеби ќе сакате да им го пренесете на вашите деца или да го зготвите јадењето за годишнината од нивните родендени.
8. Што најмногу им се допаѓа кај вас? Тоа може да ви послужи како извор за сила во моментите кога нивната поддршка ви е најпотребна.
9. Дали постојат лични или сентиментални работи што сакаат да ги имате вие или вашите деца, а кои не се наведени во тестаментот?
10. Што би ве советувале вас или вашите деца во иднина? Иако нема да бидат тука, сепак, можат да ги споделат своите желби и мудри зборови со вас.
ФОТО: Catalin Pop / Unsplash