Почетна Технологија Во последниве два месеца сме увезле 88.753 килограми зелка

Во последниве два месеца сме увезле 88.753 килограми зелка

од nenad
2 минути читај за




Најголем дел од увезената зелка потекнува од Албанија, а помал дел од Италија, Шпанија и од Холандија Додека нашата зелка остана по нивите и набрзо ќе почне да скапува, во Македонија има увоз на зелка од странство, реагираат земјоделците. Извозот на наша зелка, пак, според нив, сосема е запрен од пред десетина дена затоа што на пазарот веќе се чувствува презаситеност на овој раноградинарски производ. „Слободен печат“ побара информација од Царинската управа, клака е состојбата со увозот на пролетната зелка во последните два месеца.

– Од 13.3.2024 до 13.5.2024 се увезени 88.757 кг зелка, од кои најголем дел се со потекло од Албанија, а помал дел од Италија, Шпанија и од Холандија – изјавија од Царинската управа.

Сега, земјоделците ги продаваат пролетните зелки по 6 денари за килограм, а почетокот на сезоната почна со 40 денари за зелката што беше во пластеници. Ние до пред десетина дена зелка извезувавме во Украина, Полска, Хрватска, Босна. Од Министерството за земјоделство за „Слободен печат“ велат дека додека не се состави новата влада, не може ништо да им се помогне на производителите на зелка.

Како што пишувавме, на социјалните мрежи врие од незадоволството на производителите на зелка. Тие споделуваат видеа како со трактори газат преку нивите со зелка. Некои, пак, ги нудат бесплатно, затоа што им е жал да им скапаат на нивите. Насадените количини се преголеми за потребите на домашниот пазар, за кој и понатаму продолжува откупот, за да на тезгите на зелените пазари стигне со цена од 20 до 25 денари за еден килограм. Во 2023 година е направен рекорден извоз на зелка од 29,9 милиони евра. Просечната цена на извозната зелка била 0,47 евра по килограм, што е највисока евидентирана досега.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING