Почетна Убавина и здравје Во осмиот месец од бременоста, лекарите откриле здравствен проблем кај сопругата на Дарко Лазиќ – Убавина и здравје

Во осмиот месец од бременоста, лекарите откриле здравствен проблем кај сопругата на Дарко Лазиќ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Сопругата на Дарко Лазиќ откри дека има здравствен проблем.

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина одбројуваат до моментот кога ќе станат родители. Катарина Лазиќ влезе во осмиот месец од бременоста и е многу активна на социјалните мрежи, каде што одговара на прашањата на своите следбеници, а откако објави фотографија со трудничкиот стомак, многумина помислија дека се гледа бебешкото стапало.

Сепак, како што објасни Катарина, станува збор за здравствен проблем кој го има уште од детството.

Не се гледа стапалото на бебето, се гледа килата на стомакот над папокот. Ја имав како дете, но не се гледаше додека не почна да ми расте стомакот. Како што вели докторката, тоа може да се среди само со операција и тоа кога ќе решам повеќе да не забременам. Засега не можам ништо – објасни таа.


Поврзани објави

Сопругата на Дарко ги изненади своите следбеници кога објави дека во бременоста се здебелила само три килограми.

Колку килограми ќе се здебелите за време на бременоста зависи исклучиво од тоа како се храните, но поважно е да се храните здраво… само, ќе морам да ве разочарам, не треба да јадете за двајца, и на вашето бебе не му требаат пица, слатки и слично, па како и да е, оддалечете се од нездравата храна, немате никаква корист од неа. Моментално сум во 8-от месец и досега се здебелив 3 кг, не тренирам неколку месеци бидејќи не ми годи, но цело време се хранам здраво. Драги мои мајки, без разлика дали сте бремени или не, сакајте се и мислете на своето здравје, а вашата форма ќе дојде како резултат на здравите навики – напишала сопругата на Дарко Лазиќ.

Фото: Инстаграм

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING