Како што информираат од СВР Велес, завчера 20.30 часот во Неготино, на излезот кон Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги привеле И.Д.(41) и С.С.(45), двајцата од Кавадарци.
– При преглед во патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.Д., а С.С. бил сопатник биле пронајдени и одземени три детектори за метал и други предмети за кои постои сомнение дека се наменети за вршење на прекршок по член 63 од Законот за заштита на културното наследство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, известија од СВР Велес.
Според Законот за заштита на културното наследство, метал детекторите и други технички средства за детекција на археолошки наоѓалишта и на предмети од археолошко значење, можат да се употребуваат единствено ако сопственикот на опремата има добиено одобрение од Управата.Исто така, опремата не смее да се користи за нелегални ископувања, откривања или отстранувања на елементи од археолошко наследство.