Почетна Економија Во Кавадарци со парада со противпожарни возила одбележан Денот на пожарникарите 

Во Кавадарци со парада со противпожарни возила одбележан Денот на пожарникарите 

од nenad
1 минути читај за

Вкупно 14 моторни возила специјализирани за противпожарна заштита се движеа по кавадаречки улици со пуштени светлосни и звучни сигнали, на тој начин беше одбележан денешниот ден на пожарникарите.

Настанот беше организиран од Територијалната противпожарна единица.

 Командирот на единицата Александар Чадамов потсети дека освен што гасат пожари, имаат и други технички интервенции, како тие при сообраќајни несреќи.

 – Го формиравме и доброволното противпожарно друштво „Сашко Гешовски“,  заеднички работиме на едукација на најмладите и учениците од основно и средно образование,  околу превенцијата и противпожарната заштита, но и околу  елементарните непогоди.

Опремени сме добро, рече Чадамов.

Градоначалникот Митко Јанчев потсети дека е зголемен бројот на професионални пожарникари и сега ги има триесетина, а се осврна и на соработката со другите субјекти на полето на противпожарната заштита.

 – Горд сум на пожарникарите, подвлече Јанчев, нагласувајќи дека континуирано се подобруваат условите за нивната работа. свд/мд/Фото: МИА     .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING