Почетна Економија Во Германија почна судењето против деветмина обвинети од екстремно десничарското движење „Граѓаните на Рајхот“

Во Германија почна судењето против деветмина обвинети од екстремно десничарското движење „Граѓаните на Рајхот“

од nenad
1 минути читај за

Судскиот процес против девет осомничени членови на екстремно десничарската група предводена од германскиот принц Хајнрих Тринаесетти Ројс под обвинение за тероризам и предавство почна денеска во Штутгарт, јави ДПА.

Поради големиот број насобрани луѓе пред судот, судењето почна повеќе од еден час подоцна од предвидениот почеток. На самиот принц Ројс ќе му се суди подоцна во друг случај.

Деветмината осомничени од движењето „Граѓаните на Рајхот“ – организација која го отфрла легитимитетот на современата германска држава – се обвинети за членство во терористичка организација и „подготовка на иницијатива што се сведува на предавство“.

Еден од нив е обвинет за убиство во обид.

Судењето во Штутгарт е прво од трите против групата околу принцот Ројс и е еден од најголемите криминални случаи на државната безбедност во германската историја. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING