Да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба, да придонесат за знаењето на учениците, за напредокот на државата. А она што им следува секако ќе го добијат кога државата ќе може. Јас како министер грчевито ќе се борам тоа да биде повеќе – додаде министерката Точно ги знам предизвиците со кои се соочуваат наставниците. Верувам дека знаат дека ако некој сака тие да имаат подобар стандрад, тоа сме ние. Јас не сакам да им се покачи за три проценти, сакам да им се покачи за 30 проценти уште утре кога тоа би било можно.
Меѓутоа, она што го наследивме во буџетот на Министерството за образование и наука е едногодишен буџет кој е истрошен за пола година, необезбеднеи плати за наставници, за професори, се соочив со огромна дупка, неисплатени стипендии, парична помош за ученици, необезбедни учебници за повеќе години и предмети, неисплатенени превози, вели министерката Весна Јаневска. Јаневска, која денеска со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување на камен-темелник на изградба на спортска сала во Огњанци, во Општина Петровец изјави дека ги разбира и поддржува наставниците, но покачувањето на платите не е можно оваа година. Таа им порача на наставниците да постапуваат со истата пасија која ја имале кога се запишале на факултетот, која ја посакале професијата.
– Да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба, да придонесат за знаењето на учениците, за напредокот на државата. А она што им следува секако ќе го добијат кога државата ќе може. Јас како министер грчевито ќе се борам тоа да биде повеќе – додаде министерката.
Јаневска на почетокот на овој месец најави дека наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата.
– Ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата – изјави таа.