Од декември 2018 година кога, во Албанија, почна да се имплементира процесот на проверка, познат како ветинг, Специјалната комисија за проверка донела 802 решенија за лица од правосудството, судии и обвинители. Од вкупната бројка, околу 280 судии и обвинители биле разрешени, при што 130 од нив незадоволни од одлуката на соодветниот орган за проверка, поднеле жалба до судот во Стразбур. Во досиејата, отпуштените судии и обвинители тврдат дека не е регуларен процесот на проверка.
За пет години Стразбур објави седум решенија, шест од нив со потврдување на одлуката на албанските органи. Единственото решение за враќање на должноста е донесено за обвинителката Антонета Севдари за која Стразбур ја нарекува „диспропорционален процес“, поради што албанската држава е казнета од Стразбур, објавија албанските медиуми.
Според медиумите, 6.609 албански граѓани доставиле поплаки до комисијата за спроведување на ветингот, кои обвинуваат судии и обвинители дека се корумпирани, пристрасни, а ги наведуваат и непријавените имоти од нивна страна.
Со оглед на тоа што мандатот на Комисијата за проверка завршува до крајот на декември, граѓаните поплаките ќе може да ги упатуваат до Специјалниот одбор за жалби, кој ќе продолжи да ги разгледува жалбите на оние кои не се потврдени на функцијата.
Поради не поминување на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности во земјата се чувствува дефицит од овој кадар.
Уставниот суд на Албанија не функционираше речиси три години бидејќи овој процес не го минаа шестмина од вкупно девет судии, меѓу нив и претседателот, а идентична беше состојбата и со Врховниот суд. И двете високи судски инстанци профнкционираа кон крајот на 2021 година.
Post Views:
54
Извор : vesnik-ilinden.com
Во Албанија ветингот разреши околу 280 судии и обвинители, 130 од нив се пожалиле во Старзбур