Почетна Технологија ВОНРЕДНА ВЕСТ: 7 ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ УБИЕНИ ВО ЈУЖЕН ЛИБАН

ВОНРЕДНА ВЕСТ: 7 ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ УБИЕНИ ВО ЈУЖЕН ЛИБАН

од nenad
1 минути читај за




Седум израелски војници загинаа денеска во борби во јужен Либан, еден ден откако беше објавен почетокот на копнената операција во земјата, соопшти израелската армија. Таа прецизира дека тие загинале во два одвоени инциденти. Борбите меѓу израелските сили и борците на Хезболах во јужен Либан продолжуваат, потврдија двете страни во одделни изјави. Соопштението за загинатите војници дојде во време на одлуката на Израел да испрати повеќе војници и артилерија во пограничната област меѓу двете земји. Тензиите во регионот ескалираа откако Израел вети дека ќе се одмазди за иранскиот ракетен напад минатата ноќ.

Ескалацијата на неколку фронтови ги зголеми стравувањата од целосна војна на Блискиот Исток во која може да биде вклучен Иран, кој ги поддржува Хамас и Хезболах, како и САД, кои воено го поддржуваат Израел. Хезболах, која се смета за најмоќната вооружена група во регионот, соопшти дека нејзините борци учествувале во директни судири со израелските единици на две локации во Либан во близина на границата со Израел.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING