Почетна Македонија Волшебно стапче да имаме нема да стигнеме до септември да обезбедиме учебници, вели Јаневска

Волшебно стапче да имаме нема да стигнеме до септември да обезбедиме учебници, вели Јаневска

од nenad
1 минути читај за

– Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, некои не се одобрени, а некои се без рецензија или не се ни напишани. Волшебно стапче да имаме нема да стигнеме до септември – рече министерката Весна Јаневска.

   

Таа додаде дека децата треба да учат од учебниците од кои учеле минатата учебна година, но дека министерството мора да провери дали одговараат на програмата и дали се компатибилни на копнцепцијата. Надлежните велат дека учебниците се соодветни, освен неколку теми за кои може да се направат наставни материјали, вели Јаневска.

– Ќе ја одложиме концепцијата за седмо, осмо и деветто. Ако некоја тема не е соодветна во учебниците наставниците ќе треба да им посочат друга литература и да им ја предадат темата – рече Јаневска.

За недела-две најави дека ќе соопштат какво решение ќе се изнајде. Смета дека во Македонија ниту учениците, ниту наставниците не се спремни да не учат од учебници, а искуството покажало дека и во земјите од западот, како Шведска, по воведување на дигитализацијата повторно се враќаат и на учебниците.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING