Почетна Убавина и здравје (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Популарна инфлуенсерка убиена пред својот дом

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Популарна инфлуенсерка убиена пред својот дом

од nenad
1 минути читај за


Ирачката инфлуенсерка Ом Фахад, чие вистинско име е Гуфран Савади, била убиена пред нејзиниот дом во Багдад, Ирак. Напаѓачот пристигнал со мотор, преправајќи се како доставувач на храна, по што ја застрелал, пренесува британски „Гардијан“.

Таа се прославила на ТикТок каде што објавувала видеа на кои танцува на ирачка музика.


Поврзани објави

Минатата година ирачката влада започна кампања за бришење на содржини од социјалните мрежи за кои верува дека ги нарушуваат нејзините традиции и морал. Беше формиран комитет на Министерството за внатрешни работи за пребарување на ТикТок, Јутјуб и други платформи за виде-клипови кои се сметаат за навредливи.

Во февруари 2023 година, Ом беше осудена на шест месеци затвор за споделување видео за кое судот оценил дека содржи непристоен говор што го нарушува моралот. Во меѓувреме, неколку други инфлуенсери беа уапсени поради истата причина.


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING