Водителката Јована Јеремиќ неодамна откри дека за време на одморот доживеала мал срцев удар…
На црногорското приморје водителката Јована Јеремиќ доживеа вистинска драма која можеше да ја чини живот. Додека уживала на плажа и читала книга, наеднаш ја зафатила силна топлина. Во обид да се освежи, таа скокнала во морето, но набрзо почувствувала силна болка во градите и почнала да се гуши.
За среќа, во близина бил нејзиниот поранешен сопруг Воислав Милошевиќ кој брзо реагирал. Ја извлекол од водата и итно ја однел во болница, каде лекарите и дијагностицирале благ срцев удар. Овој настан шокираше многумина, но Јована благодарение на брзата интервенција успеа да се опорави.
Поврзани објави
Доживеав лесна форма на срцев удар, кој, за среќа, не остави никакви последици. Не ми паднало на памет дека такво нешто може да ми се случи“ – се присети Јована и додаде:
Се сончав додека читав книга и во еден момент стана пеколно жешко, па буквално истрчав до морето и скокнав во водата. Одеднаш почнав да се давам. Страшна болка во градите ме парализираше, останав без воздух. Војо забележа дека нешто ми се случува, ме извади од водата, ми даде вештачко дишење и веднаш ме однесе во болница“.
Фото: Printscreen Youtube
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: