Почетна Македонија ВМРО НП: Македонската армија со македонското знаме го славеше освојувањето на Македонија од страна на Караѓорѓева Србија

ВМРО НП: Македонската армија со македонското знаме го славеше освојувањето на Македонија од страна на Караѓорѓева Србија

од nenad
1 минути читај за

Во текот на вчерашниот ден во нашата држава на три места беше одбележано освојувањето на Македонија од страна на Караѓорѓева Србија при што главниот настан се одржа во Штип, а во контекст на Брегалничката битка помеѓу Србија и Бугарија.Овие настани кои очигледно веќе стануваат рутина се одбележуваат секоја година, а како главен настан е организирањето прослава под споменикот „Зебрњак“ во Куманово.

   

На овие одбележувања покрај стандардната „иконографија“ традиционално се установи името „Стара Србија“ или „Јужна Србија“ и терминот „ослободување“ на Македонија, а најкарактеристичниот дел е што во сето ова официјално зема учество и државата со самото тоа што на секој настан присуствува и македонската армија со македонското знаме.

ВМРО-Народна партија постојано укажува на тоа дека на секој од овие настани ниту еден таканаречен македонски патриот не реагира, така што можеме слободно да кажеме дека колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат во Македонија

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING