Почетна Економија ВМРО-ДПМНЕ: Реномираната германска компанија Епсотех со инвестиција од 20 милиони евра и 110 работни места во оваа фаза

ВМРО-ДПМНЕ: Реномираната германска компанија Епсотех со инвестиција од 20 милиони евра и 110 работни места во оваа фаза

од nenad
1 минути читај за

СООПШТЕНИЕ: Во Македонија своја инвестиција најави компанијата Епсотех во износ од 20 милиони евра, која ќе отвори производствен погон во близина на Скопје и 110 нови работни места, пред се високо стручен кадар.

Во овие индустриски капацитети на германската компанија, која е во партнерство со белгиската „Аим“, ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.

Оваа компанија е лидер на пазарот во Германија и е застапена на над 25% од истиот, што значи дека соработува со сериозни индустриски гиганти.

Еден од главните белези во нивното производство е дека рециклираат материјали од земјоделството, рибарството, па дури и од компаниите со кои соработуваат. .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING