Очајноста на СДСМ се гледа во самото гостувањето на Љупчо Николовски. Николовски и СДСМ се чума во македонското земјоделство, кои што се покосија и опустошија. Да беше се така убаво како што тој се фали во земјоделството, немаше земјоделските производи да завршуваат на буниште, немаше да има неисплатени субвенции, заостанати плати во АД Водостопанство и ЈП Национални шуми.
Николовски да беше толку способен министер немаше земјоделците да му организираат протести. Македонија поради СДСМ и Николовски стана увозно зависна држава. Николовски е синоним на безидејност, лага, криминал. СДСМ и Николовски нека гледаат сега како во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се работи и како земјоделците се задоволни од мерките кои што се воведуваат во нивна корист.