Почетна Економија ВМРО-ДПМНЕ БАРА СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН ВЕДНАШ Секогаш кога СДСМ и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит, вели Стојаноски

ВМРО-ДПМНЕ БАРА СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН ВЕДНАШ Секогаш кога СДСМ и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит, вели Стојаноски

од nenad
2 минути читај за




Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега, обвини денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

ВМРО-ДПМНЕ бара институциите веднаш да отворат постапки за судијата Пајазит Пајазити и тој да биде разрешен од функцијата судија. Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега, обвини денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

– Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија. Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш – рече Стојаноски. Тој додаде дека кадрите на СДСМ и на ДУИ во судството го пуштиле Блерим Рамадани да избега и порача дека се неопходни итни реформи во судството.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING