Почетна Убавина и здравје Вистината за инстант супите | Lady

Вистината за инстант супите | Lady

од nenad
1 минути читај за

Ако од вашите мајки научивте дека најлесно е да подготвите супа од кесичка, можеби е време

да ја промените оваа штетна навика, особено ако ве мачат здравствени проблеми

Дехидрираните крем супи не можат да заменат вистинска, домашна супа, во која вие бирате

какви намирници ќе ставите и во која количина. Основните состојки се дехидрирани печурки

и зеленчук, а помошните состојки се млеко, хидрогенизирани белковини, растителни и животински масти,

скроб и разни зачини. Со термичка обработка на основните и помошните суровини и посебни

технолошки процеси се добиваат готови супи.

За жал, претежно се работи за мал удел на зеленчук или печурки, а наместо тоа се додаваат ароми,

најчесто вештачки. Уделот на сол во овие производи е многу голем, па затоа би требало да ги

избегнуваат оние кои имаат проблеми со бубрезите и високиот крвен притисок.

Во производството на дехидрираните супи дозволена е и употреба на засилувачи на вкусот, бои и ароми.

Освен потенцијално штетниот мононатриумов глутаминат (MSG), овде се користат и

натриумови рибонуклеотиди, динатриумов инозитат и слично, кои мораат да ги избегнуваат

лицата со пореметувања на метаболизмот.

Кога ќе се одлучите за нив, бирајте супи кои не содржат засилувачи на вкусот и вештачки ароми,

а наместо тоа имаат додадени зачини.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING